10/10/09

Поделби на литературата

1. Во минтото литературата усно се пренесувала од колено на колено. Кај неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото литературните творби биле запишувани и нивниот автор бил познат. Според авторството, литературата можеме да ја поделиме на:


- народна (анонимна, колективна, усна) и
- уметничка (авторска).


2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да ја поделиме на:


- поезија (стих), и
- проза.


Поезијата и прозата се двата начина на кои се пишува литературата. Тие се разликуваат надворешно (визуелно). Поезијата е стиховна организација на текстот со своја ритмика. Прозата, пак, е поблиска до секојдневниот говор.


3. Според времето кога е создавана и според заедничките белези на творбите во определени периоди е направена историска поделба на литературата, односно периодизација (периоди, правци). Од најдалечното минато до денес во европската литература ги разликуваме следните периоди:

- антика;
- среден век;
- ренесанса;
- барок;
- клаицизам;
- романтизам;
- реализам;
- модернизам;
- постмодернизам.


4. Според внатрешните својства на литературните дела, литературата се дели на родови:


- епика;
- лирика, и
- драма.


Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени.


Родовите, пак, се делат на литературни видови.