12/3/10

Подмет

Вториот главен реченичен член е подметот.
Прирокот секогаш оди со подметот, односно во секоја проста реченица освен прирок има и подмет. Тој не мора да биде изразен во реченицата, но го откриваме во формата на глаголот или од контекстот.
Најлесно подметот го откриваме со прашањето: КОЈ?

Подметот може да биде:
  1. вршител на дејство; пр.: Марија чита.
  1. предизвикувач на дејството; пр.: Бомбата ја разурна куќата.
  1. носител на психофизичка особина; пр.: Марија почувствува страв.
  1. носител на особина; пр.: Марија е убава.
  1. место на вршење на дејството; пр.: Куќата се сруши.
итн.

Во функција на подмет се јавуваат: именките (или цела именска група); заменките; придавките; броевите (најчесто со заменки или именки); да-конструкцијата и односната зависна реченица.